Кристен Стјуарт во романтична прошетка со нова девојка

Американската актерка Кристен Стјуарт (28) се здоби со светска слава со улогата на Бела Свон во серијата „Самрак“, а со тогашниот колега Роберт Патинсон (32) беше во љубовна врска и надвор од сетот. По големиот успех со филмската трилогија и двајцата се свртеа кон поамбициозни филмови и посложени улоги, а Кристен во меѓувреме се откажа од мажите.

Стјуарт до неодамна ја сакаше манекенката Стела Максвел (28), и се чини дека нејзина нова девојка е стилистката Сара Динкин. Актерката е неколку пати фатена со Сара, но тие веќе не ја кријат романсата додека безгрижно се шетаат во опуштено издание.

Кристен претходно беше во врска со француската пејачка Соко (33) од бендот „Нувел ваг“, како и со пејачката Св. Винсент (36), а беше видена во јавноста и со продуцентката Алисија Кариле во 2014 година.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари