logo
logo
logo

Крик и апел за помош од самохрана мајка за неподвижниот син

Vecer | 23.09.2022

Крик и апел за помош од самохрана мајка за неподвижниот син

Неговата состојба се влошила по прележувањето на ковидот, мултиплекс склерозата прогресирала и било потребно болничко лекување. Од долгото лежење тој добил огромни рани по нозете, колковите и стапалата, а раните на слабото и неподвижно тело дополнително се создаваат и од потврдена бактерија. Најголема потпора и надеж е неговата мајка Лидија.

Тие имаат помош од пријатели, еднаш неделно оди на клиниката за пластична хирургија со помош на бесплатен превоз од ЈСП. Но, примањата од 12 илјади денари не може да ги покријат основните трошоци. 1.700 денари плаќаат за живеење во социјалниот стан, шест илјади денари за сметки. Преврските, лековите и растворите се над пет илјади денари само за ден до два.

Лидија е самохрана мајка, асистент од Црвен Крст и помога четири часа во денот со Дејан. Останатите часови таа не смее да го остави неподвижниот син сам ниту може да оди да работи. Таа со верба во Бога и со молба за помош, иако е свесна дека времето кое го живееме е кризно за сите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk