logo
logo
logo

Кралот Чарлс ГО НАБРКА брат му Ендру од дома

Vecer | 28.01.2023

Кралот Чарлс ГО НАБРКА брат му Ендру од дома

Кралот Чарлс Трети му наредил на принцот Ендру, војвода од Јорк, да ја напушти Бакингемската палата, а неговите работи во текот на реновирањето на палата се однесени, пренесуваат британските медиуми.

„Прво минатата година е затворена неговата канцеларија, а после тоа и одаите за спиење“, изјавил неименуван извор за британски „Sun“.

Ендру ги сакал своите одаи во Бакингемската палата каде живеел брачен живот со Сара Фергусон, со која се оженил во 1986-та година, а тие биле и негово љубовно гнездо по разводот во 1996-та година, наведува весникот.

„Во своите одаи во палатата носел многу нови девојки, меѓу кои била и манекенката Каприс. Станот во Палатата Свети Џејмс го нема истиот шарм за слободен маж“, заклучил извор за весникот „Sun“.

Принцот Ендру претходните години се нашол во центарот на скандалот Епстин и бил обвинет за сексуално злоставување поради што се повлекол до јавниот живот. Во ноември 2022-ра година ја изгубил и платената полициска заштита од Бакингемската палата.

Војводата од Јорк е обвинет за сексуално злоставување на Американката Вирџинија Џуфри кога имала само 17 години. Таа во јавност изнела тврдења дека принцот ја нападнал во Лондон и во САД.

Тужбата на Американката се повикува на Законот за жртви на деца од 2019-та година, кој ги проширил правата на жртвите да ги тужат злоставувачите и поради застарени наводи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk