logo
logo
logo

Кралицата Елизабета се јавува на телефон само на две лица

Vecer | 29.11.2021

Кралицата Елизабета се јавува на телефон само на две лица

Кралицата Елизабета Втора им одговара на телефон само на две лица во „Фирмата“.

- Наводно, кралицата има две лица со кои најмногу разговара на своите телефони, а очигледно има и мобилен телефон за кој се вели дека е опремен со анти-хакерска енкрипција од MИ6 за никој да не може да и го хакира телефонот - открива кралскиот експерт Џонатан Сакердоти за подкастот „The Royally US“.

- Двете лица со кои најчесто е во контакт се наводно нејзината ќерка принцезата Ана и нејзиниот менаџер за трки со коњи Џон Ворен.

- Тоа значи дека тие можат да стапат во контакт со кралицата од каде било во светот. Ако се јават, таа одговара - додава Џонатан

„Фирмата“ е неформално име за британското кралско семејство и сродните институции, вклучувајќи дворјани, персонал и членови на кралското семејство кои го одржуваат раотењето на монархијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk