logo
logo
logo

Конкурс за најдобар расказ на тема: Инклузија – сите деца се исти

Vecer | 15.10.2021

Конкурс за најдобар расказ на тема: Инклузија – сите деца се исти

По повод октомври – месецот на штедењето, Халкбанк АД Скопје и штедливото слонче Халки објавуваат конкурс за најдобар расказ на тема „Инклузија – сите деца се исти“.

Право на учество имаат деца од 7 до 12 години, а конкурсот ќе трае до 31 октомври. Расказите испраќајте ги на: [email protected] со назнака „Конкурс за најдобар расказ”.

За испратените раскази ќе одлучува стручна комисија составена од двајца книжевници и еден претставник од Халкбанк АД Скопје.

Наградата се состои од детска штедна книшка со вредност од 3.000 денари.

Условите за учество можете да ги најдете на следниов линк.

„Слончето Халки не е само симбол на детското штедење, туку и вистински другар на сите деца, гласноговорник за нивните права. Ликот на Халки е резултат и на опшествената одговорност на Халкбанк АД Скопје која се залага и за здрава животна средина, инклузија и квалитетно образование на сите деца, преку активности кои не се наменети само за финансиска едукација. По успешните конкурси за ликовни творби на тема: „Здрава животна средина“ и „Илустрирај ја татковината“ реализирaни годинава, како и по проектот во месец мај кога слончето Халки ги едуцираше децата за тема инклузија, овој пат ќе го наградиме најдобриот расказ на тема „Инклузија – сите деца се исти“ – информира Маја Наумовска Савеска од Халкбанк АД Скопје.

Во месецот на штедењето – октомври, Халкбанк АД Скопје се фокусира токму на децата.

Активностите започнаа со промоција на детското штедење – Халки и промотивните каматни стапки кои се движат до 1,7 отсто за штедење во денари, односно до 1,2 проценти за штедење во евра на рок од 60 месеци, а ќе биде заокружен со промоција на ексклузивната „Сликовница на Халки“.

Средствата од продажбата на сликовницата ќе бидат наменети во хуманитарни цели

Повеќе инфо за детското штедење – Халки на : 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk