logo
logo
logo

Конференција за популаризација на науката кај децата

Vecer | 21.05.2022

Конференција за популаризација на науката кај децата

Фондацијата „Кантарот"  денеска ќе организира конференција „Наука за деца"  на која голем број македонски научници кои работат во земјава и во странство ќе  дискутираат за начини и практики на учење и како новите содржини може да се направат подостапни и поинтересни за децата.

Во претпладневниот дел на програмата ќе се одржи серија на работилници за деца, преку кои тие на интересен начин ќе се запознаат со различни научни концепти, како Магијата на магнетите и изработка на холограми, a во рамки на секцијата „Илјада зошто, илјада затоа" ќе имаат можност да ја задоволат својата љубопитност и да им поставуваат прашања на научниците.

 Научниот дел од конференцијата ќе опфати две панел-дискусии кои ќе може да се следат онлајн. На панелот „Учење низ игра" ќе се дискутира како користењето на концептот на игра може да го направи интересен процесот на учењето  за децата, а вториот панел  „Технологијата и иднината на учењето" е посветен на  можностите што ги отвораат новите телекомуникациски технологии во процесот на едукацијата. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk