Студија на Европското здружение за кардиологија покажа дека земањето повеќе од три недели годишен одмор ќе ви помогне да живеете подолго.

Студијата, која траела 40 години, го проучувала влијанието на здравите навики – вежбање, урамнотежена исхрана и откажување од пушење кај пушачите – врз долгорочниот ризик од развој на срцеви заболувања.

На почетокот на студијата од 1974 година, 1.222 средовечни мажи биле поделени во две групи. Првата група добила усни и писмени упатства за здрави навики и како да ги имплементира. Советите на нутриционистите и лекарите ги насочиле кон секојдневна физичка активност, урамнотежена исхрана и задолжително оставање на цигари од пушачите. За разлика од првата, мажите од втората група не добиле никакви насоки.

Двете групи биле следени пет години и било забележано дека ризикот од кардиоваскуларни заболувања е намален во групата во која интервениралее експертите.

Сепак, по 15-годишно следење во 1989 година, истражувачите откриле дека повеќе мажи починале во првата група.

Неодамнешната повторна анализа на податоците открива можна врска помеѓу починатите мажи од првата група. Имено, сите тие имале краток одмор.

Мажите од првата група земале помалку од три недели годишен одмор и имале 37 проценти поголем ризик од прерана смрт во споредба со мажите кои користеле три недели годишен одмор.

„Немојте да мислите дека здравиот начин на живот ќе надомести прекумерна работа и немање одмор“, вели Тимо Страндберг, главен автор на студијата и професор на Универзитетот во Хелсинки, додавајќи: „Одморот може да биде добар начин да се ослободите стрес“.

Психологот Кристина Бачкоња советува дека би било добро да бидеме свесни што може да ни помогне да се вратиме во вообичаениот ритам. Имено, не постои идеален и единствен рецепт: она што може да му помогне на едно лице, не мора да му помага на друго.

„Верувам дека ние најдобро знаеме што ни помага најмногу, и за да можеме да размислиме што и како да продолжиме, следните совети може да ве водат“, рече психологот.

За да може полесно да се вратите во реалноста после одмор, можеби е добра идеја да започнете со работа во средината на неделата. На тој начин, постепено се враќаме на обврските, викендот е поблиску, па шокот е малку помал.

Иако луѓето сакаат да го користат последниот ден за да останат на море, враќањето на работа додека сте неотпакувани, уморни од патот и неподготвени може да биде доста стресно. Комбинацијата на замор, незадоволство и ненадеен скок во обврските веројатно не е најдобриот избор за започнување на работната недела.

Без оглед на фактот дека сте се вратиле во секојдневниот живот, оставете малку време за себе, за релаксација, за работите што сакате да ги правите. Иако понекогаш е тешко да најдете време за себе во зафатен распоред, имајте на ум дека на човекот му е потребна релаксација како сон или здрава исхрана. Опуштањето секојдневно со саканите активности ќе го намали ризикот од развој на депресија, вознемиреност и раздразливост.

И покрај тоа што вашиот летен одмор завршил, имајте на ум дека ова не е ваш последен одмор и дека тоа се само две или три недели. Следното лето ќе дојде за една година, но тоа не значи дека вашиот следен одмор е толку далеку.

Она што секогаш можете да го направите е да испланирате нов одмор. Ако замислувате и планирате нов одмор ве опушта, нема причина да не го правите тоа. На крајот на краиштата, мислата за повторно одење на одмор може да биде вашата светлина на крајот од тунелот.