logo
logo
logo

Колку повеќе килограми, толку посреќен брак: Како покрупните жени ги прават посреќни своите мажи?

Vecer | 18.03.2021

Колку повеќе килограми, толку посреќен брак: Како покрупните жени ги прават посреќни своите мажи?

Машко-женските односи се инспирација за бројни истражувања, а најновото спроведено во Мексико се занимава со анализа на тежината на брачните партнери со цел да се провери дали постои врска меѓу килограмите и брачната среќа.

Во последните неколку години Мексико се соочува со проблеми поврзани со дебелината бидејќи 70 проценти од возрасната популација страда од вишок килограми. Во меѓувреме, Американците ја презедоа титулата на „најдебела нација во светот“.

Добиените резултати предизвикаа различни мислења и реакции.

Еве што заклучија научниците:

1. Покрупните жени се поискрени во односите

Посреќни се мажите кои се во брак или во врска со жени кои се покрупни, односно со изразени облини. Во компаративна студија се покажало дека тие мажи биле дури 10 пати посреќни од мажите кои биле во брак со слаби жени. Овие студии исто така покажале дека мажите кои се оженети со покрупни жени полесно ги решавале секојдневните проблеми и секојдневно повеќе се смееле.

Според една теорија, резултатите од истражувањето покажуваат дека покрупните жени се побезгрижни и посебно внимаваат на потребите и очекувањата на нивните мажи. Со самото тоа, нивните мажи се посреќни. Повеќето мажи кои се во брак со покрупни жени ги сметаат за поискрени во односот бидејќи не ги кријат своите недостатоци.

Исто така, овие жени се посамоуверени и свесни за своите недостатоци и тоа ги прави попривлечни.

2. Причини поради кои покрупните жени се подобри сопруги

Освен наведеното, ова психолошко истражување спроведено под водство на докторите Филемон Алварадо и Едгард Моралес, откри уште некои причини поради кои покрупните жени ги прават своите мажи посреќни.

- Не бараат од своите мажи совршен физички изглед

- Одлично готват и уживаат во храната

- Едноставни се и лесно е да ги задоволите дури и со најмал знак на внимание

- Имаат одлична смисла за хумор

- Сакаат да се галат и многу се романтични

- Не се обидуваат да се вклопат во стандардите на општеството и си го сакаат телото.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk