Ако сте од оние кои се почесто откриваат дека повеќе не можат да го издржат излегувањето како порано – сега ќе дознаете зошто. Порано можевте да излезете и да се журкате до сабајле пиејќи, а следниот ден да се опоравите најдоцна до два попладне.

Но, како што стареете, опоравувањето од мамурлакот е подолго и понеподносливо. Понекогаш тоа трае со денови. Ова се биолошки факти. И додека не постои универзален лек за мамурлак, постои здрав разум – а тоа е да бидете нежни со себе. Затоа што биологијата нема.

  • Како што старееме, имаме пониски нивоа на ензимите на црниот дроб алкохол-дехидрогеназа и алдехид дехидрогеназа, кои се потребни за разградување на алкохолот и неговите остатоци. Како резултат на тоа, ацеталдехидот, еден од остатоците од алкохол кој прави да се чувствувате ужасно, останува подолго во вашето тело, открива порталот Science of Us.
  • Како што старееме, ќе ни биде се потешко да се опоравите од се, велат научниците, бидејќи нашиот имунолошки систем постепено слабее. Нашето тело сè уште знае како да се лекува и заштити, но не толку брзо како кога сте биле млади.
  • Покрај тоа, многу обврски доаѓаат со годините, па повеќе не можете да лежине цел ден и да се опоравуваме како порано. Заради тоа справувањето со мамурлакот  ни оди потешко.
  • Исто така, како што старееме, акумулираме се повеќе и повеќе телесни масти. Маснотиите не апсорбираат алкохол и оние кои ги имаат потешко ги поднесуваат последиците од пиењето. По правило, жените имаат повеќе масти од мажите и тоа е една од причините зошто не можат да пијат колку мажите, зошто побрзо се опиваат и потешко поднесуваат мамурлак.
  • Ако страдате од хронично заболување, тоа значи дека лековите што ги земате може да го попречат разградувањето на алкохолот, па постои можност тој да остане подолго во вашето тело.