Колку чини чаша пиво во Лас Вегас?

Градот среде пустина отсекогаш бил познат по казината и ноќната забава. Но, дали некогаш сте се прашале колку чини излегувањето или, пак, само едно пиво во Лас Вегас?

Вечера во ресторанот „Омниа“ во Caesar’s Palace чини 2.500 евра, додека пивото во просечен ноќен клуб е околу 9 долари. Имено, за да им помогне на туристите кои го посетуваат во овој град, порталот Casino.org направил калкулатор за цените во некои од најголемите казина и клубови во Лас Вегас.

Со негова помош посетителите можат да видат колку ќе ги чини вечера или, пак, само еден пијалак во хотелите како „Белаџио“ и „Мандалај беј“.

Според овие пресметки, излегување во клубот „1 Оак – Мираж“ ќе ве чини 200 долари, додека нешто поевтино е во „Екс најт клаб“, каде што ќе потрошите 184 долари. Најевтин ноќен клуб во градот на неонските светла е „Тако најт“ каде што едно излегување ќе ве чини околу 114 долари. Наведените цени вклучуваат влез за четири лица и една тура пиво.

Најскапото пиво е исто така во клубот „1 Оак“ и чини околу 15 долари, а најевтиното е во „Мандалај беј“ со цена од „само“ 7 долари.

„Вегас е многу скап град, па затоа сакавме да им помогнеме на туристите да заштедат пари и да си поминат што е можно подобро“, вели Дејвид Шелдон, уредник на страницата.

Инаку, Лас Вегас минатата година го посетиле вкупно 37 милиони туристи.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари