logo
logo
logo

Која земја има НАЈМНОГУ ВРЕМЕНСКИ ЗОНИ, а не е Русија

Vecer | 22.04.2021

Која земја има НАЈМНОГУ ВРЕМЕНСКИ ЗОНИ, а не е Русија

Системот за временски зони не е стар колку што мислите. Тие се измислени од Санфорд Флеминг поради потребата железничките компании да имаат исто локално време помеѓу железничките станици.

Тој го предложил моделот во 1878 година, а временските зони за првпат се применети на 18 ноември 1883 година, кога железниците на САД и Канада воведоа четири стандардни континентални временски зони на Северна Америка. Додека глобалното воведување на временските зони се случи следната година.

Денес во светот има 24 временски зони. Една земја може да има повеќе од една, и тие не се совршено рамни, бидејќи некаде не ги следат меридијаните, туку ги следат границите на државите.

Која земја има најмногу временски зони?

Површински големите држави честопати се протегаат во повеќе временски зони. Постојат исклучоци како Кина која целата е во една временска зона. Ова создава големи отстапувања од „реалното време“. На пример, на крајниот запад на Кина, сонцето е во зенитот во 15:00 часот, а на крајниот исток во 11:00 часот.

Од друга страна, една европска земја може да се пофали со фактот дека има најмногу временски зони во светот, иако не е премногу голема по површина. Станува збор за - Франција која има 12 временски зони!

Другите две на списокот се, како што се очекуваше, САД и Русија, и двете имаат по единаесет .

Тоа е всушност остаток од старите, колонијални времиња. Денешна Франција е, како и остатокот од Централна Европа, во зоната на Централно европско време (CET).

Сепак, Франција е прва поради големиот број поранешни колонии, кои денес се француски прекуморски територии кои се протегаат низ целиот свет - од исток до запад.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk