logo
logo
logo

Која е РАЗЛИКАТА помеѓу ЗЕЛЕНИ И ЦРНИ МАСЛИНКИ

Vecer | 14.01.2022

Која е РАЗЛИКАТА помеѓу ЗЕЛЕНИ И ЦРНИ МАСЛИНКИ

Ако некогаш сте се запрашале која е разликата помеѓу зелените и црните маслинки, одговорот е многу едноставен - во моментот на зреење.

Многумина не знаат, но црните маслинки се всушност зрели зелени маслинки. Се берат во ноември и декември, за разлика од зелените, кои се берат најмалку месец до два порано.

Колку подолго зрее маслинката, толку повеќе се менува нејзината боја - од зелена во рубин црвена, а потоа на ред се темните виолетови нијанси, кои всушност се црни маслинки.

Зелените маслинки имаат посочно месо, а имаат посвеж и некако посладок вкус. Црвенкастите се берат токму во времето на созревањето, а црните всушност може да се наречат презрели. Колку се потемни маслинките, толку е помеко месото, а вкусот е поинтензивен и погорчлив.

Маслинките, и црните и зелените, содржат бројни антиоксиданси, а некои истражувања потврдија дека имаат и својства кои го спречуваат развојот на одредени видови тумори.

Имаат многу витамини, особено витамин Е, и супстанции кои ги штитат крвните садови. Но, внимавајте кога ги консумирате солени, во тој случај не се препорачува да јадете повеќе од две или три дневно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk