logo
logo
logo

Која е НАЈЧЕСТА, а која НАЈРЕТКА боја на очи во светот: Една ја има кај 80 % од луѓето!

Vecer | 04.06.2023

Која е НАЈЧЕСТА, а која НАЈРЕТКА боја на очи во светот: Една ја има кај 80 % од луѓето!

Повеќе од половина од светското население има кафени очи. Бојата на очите е под влијание на пигментацијата на мускулното ткиво кое ја контролира големината на зеницата и пушта светлина во окото. Внатре во ирисот има низа пигменти кои ја одредуваат бојата на вашите очи. Комбинацијата на пигменти и начинот на кој се распоредени ја одредуваат специфичната нијанса. Според Healthline, генетиката игра клучна улога.

Овој портал пишува дека, според Американската академија за офталмологија, во еден момент сите луѓе имале кафени очи. Заедничкиот предок тогаш имал генетска промена што резултирала со производство на помалку меланин. Меланинот може да ги заштити очите од оштетување од ултравиолетовото зрачење на сонцето. Ова може да објасни зошто кафените очи се почести во потоплите клими низ Азија и Африка.

Најчестата боја на очите во светот е најчеста кај населението во Африка, Европа и во одредени делови од Азија и Америка. Тоа го има околу 70 до 80 отсто од светското население.

Најретката боја е зелената - краси два отсто од луѓето, кои претежно живеат во Западна, Северна и Централна Европа. Луѓе со сини очи има околу осум до 10 проценти, и тоа во северна и источна Европа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk