logo
logo
logo

Која е мајка, А КОИ СЕ ЌЕРКИ (ФОТО)

Vecer | 17.05.2022

Која е мајка, А КОИ СЕ ЌЕРКИ (ФОТО)

Натали Вардел од Австралија е горда мајка. Не е познато дали го пронашла еликсирот на вечната младост, но едно е сигурно - добрата генетика, квалитетната исхрана и тренинзите се составен дел од нејзиниот живот.

Фотографијата на Натали со ќерките предизвика големо внимание на социјалните мрежи бидејќи никој не беше сигурен која е мајката на сликата, а кои се ќерки.  Натали Вардел, мајка на три ќерки, е втората русокоса од вашата лева страна.

„Секако дека е комплимент, но често наидувам на коментар дека сакам да личам на моите деца. Тоа е само добра генетика“, изјави 50-годишната Натали за австралиската ABC News.

Ќерките Јасмин (24), Тамика (22) и Медисон (20) се горди на својата мајка затоа што е физички активна и затоа што се грижи за себе.

Инаку, Натали е 27 години во брак со Брендин, со кој има три ќерки, а минатата година стана баба.

„Тој е мое момче и најдобар пријател веќе 27 години. Колку повеќе сме заедно, толку повеќе се сакаме и повеќе го цениме она што го имаме. Вистинска љубов е кога ќе ја најдеш својата сродна душа", рекла Натали.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nat Wardell (@miss5litre)

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk