logo
logo
logo

СЕКОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ ТИТО НА 24 ЧАСА: Еве како изгледа тоа искуство

Vecer | 15.02.2021

СЕКОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ ТИТО НА 24 ЧАСА: Еве како изгледа тоа искуство

Одраз на носталгија во очите на патниците. Луксуз со стил. Симбол на нераскажаната моќ на една држава и на еден државник. Автентично сведоштво за хедонизмот на Jосип Броз Тито, измешано со аурата на неприкосновеност на владетелите. Синиот воз.

Најпознатиот состав на југословенските железници, сега под името „Србија воз“, за роденденот на социјалистичка Југославија тргна од Белград до Ужице и за прв пат ги отвори своите раскошни вагони за обичните патници кои купија билети за дводневната туристичка програма на Синиот воз до Република Ужице “.

Инаку, од 2005 година овој воз е во комерцијална употреба и може да се изнајмува за убава сума на пари што варира во зависност од која дестинација ќе патува и што ќе им биде достапно на сите оние кои би патувале.

Особено слаби на возот се Англичаните. Возот ги исполнува каприците и на богатите локални жители кои во него се венчаваат, ги слават родендените или годишнините на нивните компании, а еден јапонски милијардер го изнајмил и со него патувал во Црна Гора и назад во Белград.

Резиденција на тркала

Сали, конференции, апартмани, простории на Тито и Јованка, неговиот работен кабинет… во придружба на рок музика, и некои партизански песни – кои некои би ги започнале, а други би им се придружиле – сите евоцираа спомени за земјата и животот кои од денешна гледна точка изгледаат како рај на земјата.

Во зависност од видот на потребите за патување и барањата на главниот патник, подвижната резиденција на тркала, денес, се состои од седум вагони – пет за патниците и две кои служат како електрани за возот да има енергетска автономија.

Глува соба

Прошетката започнува од странбениот дел на Тито – два апартмани со по еден кревет и луксузно опремена бања, салонски дел, работна соба и глува соба. Впрочем, најинтересна соба за туристите во овој дел е глувата соба која е изградена во 1959 година.

И денес, во неа кога ќе се затворат прозорите нема опсег на Wifi мрежа ниту пак има опсег на телефонска мрежа. Се вели дека нејзините ѕидови се покриени со ситна месингана прашина која апсорбира звук, така што разговорите на Тито со неговите соработници секогаш останувале тајна.

Во собата на Јованка пак, се уште има оригинални волнени теписи, а завесите се изработени од најубава кинеска свила во комбинација со сатен. Слична е и собата на Тито – овие две соби ги дели заедничка бања.

Последното патување на Тито со синиот воз било во 1980 година, месец мај, кога го довезе неговото тело од Љубљана до Белград, каде беше погребан во Куќата на цвеќето.

Кабинетот на Тито

На неговата работна маса се наоѓа тежок кристален пепелник со томпус, кој потсетува на неговиот омилен порок. Зад неговата фотеља има скромна библиотека со дела на Ленин, Оскар Давиќ, збирка на македонска поезија....

Во орбмарот се крие масивен сеф во кој Тито чувал доверливи документи, а на масата се наоѓа и телефон преку кој со радио врска може да стапи во контакт со секого во кое било време.

Грб

Вагоните на синиот воз се изградени во фабриките Гоша и Борис Кидриќ.

Сите вагони имаат посебна заштита на трасата по која се движат – пред овој воз да тргне секогаш имало претходница со војска и милиција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk