Бизарен натпревар се одржа во  Новосибирск  во кој луѓе се натпреваруваа кој побрзо ќе ископа грб. Станува збор за традиционална трка со копање гробници, а се организира секоја година, со цел да се „привлечат“ млади луѓе кои сакаат да станат гробари.

Оваа година победи тимот од Омск, поставувајќи нов рекорд. За помалку од 38 минути, тимот ја ископа гробницата и го спушти сандакот во него.

Секој тим се состои од двајца натпреварувачи кои треба да ископаат дупка долга два метри, ширина 80 сантиметри и длабока 1,6 метри.

Минатата година, натпреварот се одржа во Томск, каде што победничката екипа ископа за само 52 минути.