logo
logo
logo

Доколку сакате да ослабете, тогаш јадете го ова: Кој е најздравиот оброк според нутриционистите?

Vecer | 20.06.2021

Доколку сакате да ослабете, тогаш јадете го ова: Кој е најздравиот оброк според нутриционистите?

Нутриционистката Ванеса Рисето вели дека најдобриот оброк, ако се грижите за килограмите, се шпагетите.

Се разбира, треба да се земе предвид количината. Оброкот не треба да содржи повеќе од 50 грама тестенини. (мерката се однесува на неварени шпагети) Следете го правилото дека половина од вашата чинија е зеленчук, една четвртина протеини и една четвртина јаглехидрати.

Нејзин предлог е шпагети со пилешко и сос од песто. Освен што е здрав, овој оброк е и многу вкусен, а еве и како се подготвува:

Потребно е :

За песто сосот:

1 чаша листови од босилек

2 чаши млад спанаќ

1/3 чаша маслиново масло

1 авокадо

2 чешниња лук кора и сок од еден лимон

2 лажици бор орев

2 лажици пармезан

малку сол и бибер

Потребни состојки за подготовка на тестенини (за 4 лица):

2/3 пакет шпагети

200 гр бело месо исечкано на коцки

1 тиквичка

1 кромид

1 лажица маслиново масло

малку сол и бибер

Приготвување:

Подготвите го песто сосот така што ќе ги ставите сите состојки во блендерот, освен маслиновото масло и добро ќе мешате, додека смесата не стане хомогена. Потоа додадете го маслото и, доколку е потребно, малку топла вода. Сварете ги шпагетите. Во тава испржете го белото месо, тиквичките и кромидот на маслиново масло и зачинете по вкус. Кога сè ќе биде готово, измешајте ги тестенините, месото и зеленчукот, послужете ги на чинија и прелијте со домашниот сос од песто.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk