logo
logo
logo

Мажи со долги коси. Да или не?!

Vecer | 17.05.2021

Мажи со долги коси. Да или не?!

Долгата коса не е само фризура за жени. Мажите носеле долга коса уште во античка Грција, каде се сметала за симбол на моќ и богатство. Во модерно време, долгата коса главно се поврзува со лоши момци и бунтовници.

Во 70-тите, 80-тите и 90-тите години беше заштитен знак на рокерите и металците - од Џим Морисон од Дорс до Акл Роуз од Ганс рос до Курт Кобејн од Нирвана.

Го носеле и славни актери како Џони Деп, Антонио Бандерас и Бред Пит - и за улогите на лоши момци и заради нивниот сопствен вкус, а на овој тип на фризура не одолевале ни спортисти, модели и други популарни мажи од јавниот живот.

Своевремено, младиот поп-музичар Хари Стајлс додека пееше во групата One Direction исто така имаше долга коса . Дури кога ја скрати косата, призна дека ја пуштил за да може да донира во „The Little Princess Trust“, што прави вистински перики за деца и возрасни заболени од рак.

     

    © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

    logo

    Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

    2004-2024 © Вечер, сите права задржани

    Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

    Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk