Кога сте најпродуктивни на работа?

Не сте сигурни кога е вашето идеално време од денот за работење? Направете го овој тест и откријте во кој период сте најпрофесионални.

Продуктивноста на работното место зависи од поединечниот биоритам. Дали сте ранобудец или подобро функционирате во попладневните и вечерните часови, кога најдобро ги извршувате работните задачи, дознајте по овој тест.

1. Што најпрво правите кога ќе стигнете на работа?

а) Ги организирате обврските за почеток на работниот ден.
б) Ја читате вашата пошта.
в) Пиете кафе.

2. Кога треба да направите нешто важно...

а) Одма се нафаќате за работа.
б) Се трудите тоа да биде приоритет во однос на другите обврски.
в) Се подготвувате да останете подолго на работа.

3. За викендите и одморите вие обично...

а) Станувате рано како би го искористиле денот во целост.
б) Станувате малку покасно, но, сепак на време за да завршите нешто пред ручекот.
в) Спиете до касно како би надокнадиле на сонот.

4. Кога обично си легнувате за време на работната недела?

а) Обично брзо по вечерата.
б) Прилично рано, како не би сте имале проблеми со станувањето наутро.
в) Никогаш пред 2 часот по полноќ.

5. Совршен почеток на денот за вас е кога...

а) Брзо ги завршувате приоритетните задачи и преминувате на остатокот на работните обврски.
б) Ќе го започнете денот со појадок и вежби.
в) Кога конечно започнува викендот.

6. Која од овие поговорки соодветствува на вас?

а) Кој рано рани две среќи граби.
б) Не оставај ништо за утре доколку можеш да го направиш денес.
в) Подобро некогаш отколку никогаш.

Резултати

• Доколку имате најмногу одговори под А вие сте типичен ранобудец.

Секогаш први пристигнувате на работа, расположени и желни за работа. Немате проблем со станувањето, понекогаш дури сакате да се приклучите кон утринско вежбање или трчање. Го сакате чувството кога нешто ќе допринесете на работа и не сакате кога обврските ви се натрупуваат. Во утрата сте најпродуктивни и тоа е вашата доба на денот.

• Доколку имате најмногу одговори под Б најдобро функционирате во средината на денот.

Не станувате толку лесно наутро и потребно ви е малку време да се разбудите. На работа сте најпродуктивни во средината на работното време, а утрата ги користите како би си го организирале остатокот од денот. Концентрацијата не ви опаѓа по ручекот, баш напротив тогаш успевате да го дадете вашиот максимум.

• Доколку имате најмногу одговори под В вие сте дефинитивно "ноќна птица".

Ви паѓа најтешко кога треба да се вклопите во нормалното работно време. Тешко станувате, а на работа во попладневните часови лесно ја губите концентрацијата. Не ви е тешко да останете до подоцна на работа, бидејќи тогаш сте најпродуктивни. Добро функционирате под притисок и најмногу сакате да работите самостојно.

Поврзани

Најнови вести

Коментари