logo
logo
logo

КОГА СЕЛФИ ЗНАЧИ САМОУБИСТВО: На кои места луѓе умираат само за да се сликаат

Vecer | 19.03.2021

КОГА СЕЛФИ ЗНАЧИ САМОУБИСТВО: На кои места луѓе умираат само за да се сликаат

Во желба за што подобро селфи, за жал многу животи згаснаа предвреме. Младите постојано се во потрага по што е можна подобра локација за ваков тип на фотографија, а некои места станаа многу популарни, но и кобни за нив.

Така според статистиката околу  330 луѓе од целиот свет ги загубиле своите животи току од оваа причина.

Во потрагата по совршена фотографија, чуѓето најчесто ги губат животите по пад од гребен или мост, давење и струен удар.

Тоа е причината поради која експертите бараат воведување на „самослободни зони“ за да се намали бројот на смртни случаи и да се спречат катастрофални сценарија.

Најголем број на смртни случаи како последица на селфи се случиле главно во три земји во светот. Веќе се регистрирани 176 случаи во Индија, 26 смртни случаи се регистрирани во САД, а 19 лица починале во Русија.

Сепак според статистиката број еден локација каде се губат најмногу животи се пругите. Звучи чудно но 62 лица ги загубиле животите во спална соба, 38 лица од пад од карпи, а 24 лица се удавиле во реки или езера.

Пример од електричен удар како причина за смрт при селфи е забележан во Хрватска, каде двајца мажи се скокале од автомобил на електричен воз. Еден од нив беше убиен од удар од 25.000 волти.

Девојче во Индија починало на почетокот на оваа година при фотографирање, кога случајно била турната од невнимателен турист. Девојчето паднало во река и се удавило. Во 2017 година починаа осум мажи на возраст од 21 до 28 години кои сакаа да направат селфи на брод. Сите се префрлиле на едната страна од бродот, кој се превртел и мажите се удавиле во резервоар за вода во Индија.

Тројца членови на исто семејство ја снимиле својата смрт кога поставиле камера на брегот на река. Нивната намера била да се снимат во езеро за кое мислеле дека е плитко. За жал, никој од нив не знаел да плива. Овој трагичен настан се случил и во Индија.

Рабовите на карпите се природно место за правење селфи, бидејќи таму се најубавите глетки, но исто така се и најчесто место за смрт.

Кон крајот на минатата година, 22-годишниик се здоби со повеќе скршеници и сериозно оштетување на мозокот откако падна на главата во бразилски природен резерват, а 21-годишна жена почина близу Сиднеј откако падна од висина од 30 метри поради фотографирање на изгрејсонце.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk