Досега, најмногу сте гледале вакви и слични кадри во цртаните филмови или комедии како тие со Џим Кери, но, еве, такви сцени се можни и во „реалниот“ живот.

Една ТикТокерка објави видео од нејзиниот сопруг кој одлучил да го поправи тремот со поставување на нова штица.

Откако ја донел, згазнал за да го провери нејзиниот квалитет, но штицата го удри по главата.

Поради ударот, тој остана да седи на верандата, држејќи се за главата.

„Кога сопругот се обидува да поправи работи што никогаш порано не ги направил“, напишала неговата сопруга во описот на видеото, кое е прегледано повеќе од 3,2 милиони пати.

@abbyalexanWhen your husband tries to fix things he shouldn’t #keepyourdayjob #husbands

♬ Oh No, Oh No, Oh No No No Song – Tiktok Remix – Tik tok