logo
logo
logo

ВИДЕО

Кога ЛУКАС се жени, НЕ СЕ ШТЕДИ! Летаат евра, венчаница од злато...

Vecer | 16.09.2021

Кога ЛУКАС се жени, НЕ СЕ ШТЕДИ! Летаат евра, венчаница од злато...

Венчаница од 180 000 евра, сватови кои ја китат невестата со стотки, скапоцени прстени и славење кое траело четири дена... Така накусо би можела да се опише свадбата на Евка и Лукас од Словачка.

На видеото, кое може да го видите во продолжение, се гледа како невестата Евка, која тогаш имала само 19 години неколку пати се преслекла, а истото го правел и тогаш 20-годишниот Лукас, кој не заостанал со раскошните модни комбинации.

 

[embed]https://youtu.be/Nue-PK_HgCA[/embed]

И двајцата на себе имале детали од злато, а големо внимание привлекле и бурмите кои чинеле повеќе од 10 000 евра.

Еден од повпечатлвите моменти бил оној кога Евка прошетала накитена со банкноти од по 100 и 500 евра, но и моментот кога младенците ги бројат парите кои ги добиле како подарок.

Што се случува сега со Евка и Лукас не е познато, ама очигледно е дека и добро се потрошиле, а богами и добро заработиле.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk