logo
logo
logo

Кога добрината победува: Му откажале кочниците на автомобилот и случаен минувач му помогнал и му оставил порака на шофершајбна

Vecer | 23.06.2021

Кога добрината победува: Му откажале кочниците на автомобилот и случаен минувач му помогнал и му оставил порака на шофершајбна

Корисникот на Фејсбук групата "Zakaj volim Zagreb" ја бара личноста која во саботата наутро му оставила порака на автомобилот. Имено, автомобилот на човекот од некоја причина сам тргнал.

Но, добронамерен граѓанин се нашол таму и му помогнал на сопственикот на автомобилот. Сега го бара за да му се заблагодари.

"Почитувани,

Автомобилот ви беше насред улица, веројатно сопирачката попуштила. Го турнавме вашиот автомобил до крај и ставивме камен под гумата бидејќи пајак сакаше да ви го крене возилото. Отстранете го каменот пред да тргнете", стои во пораката.

Преку споменатата група сопственикот на автомобилот сега го бара лицето кое му помогнало.

"Ако човекот кој ја оставил оваа порака на мојот автомобил во саботата наутро го гледа ова, јавно му се заблагодарувам и го замолувам да ми се јави во пораки", напишал тој.

Овој гест воодушевил многу корисници во оваа Фејсбук група.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk