logo
logo
logo

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО

КОБЕН БАНЏИ СКОК! Девојка скокнала без јаже - слушнала погрешен знак!

Vecer | 26.07.2021

КОБЕН БАНЏИ СКОК! Девојка скокнала без јаже - слушнала погрешен знак!

Младата адвокатка Јасенија Моралес (25) се спремала за својот прв банџи скок и заедно со момчето отпатувала на популарната дестинација за скокање во Колумбија, но не се завршило се како што треба. Моралес скокнала од вијадуктот во Амага, во северна Колумбија, затоа што слушнала знак кој, за жал, бил наменет за нејзиното момче.

Во тој момент таа немала врзано јаже, па скокот се завршил кобно за неа, пренесува Дејли мејл.

Во тој моментот нејзиното момче било во редот пред неа, но таа погрешно го разбрала знакот и скокнала во провалијата по што на место останала мртва. Дечкото веднаш дотрчал до неа, но и немало спас.

Густаво Гузман, претседателот на општината Фредонија за Ел Тиемпо рекол дека била збунета.

- Сигналот бил упатен за нејзиното момче затоа што тој бил вран со сигурносна опрема, а таа имала само заштитен шлем, но се збунила, рекол Гузман.

Момчето на Моралес се уште е во болница заради повредите кои ги добил трчајќи по неа. Инаку, како што пренесуваат локалните медиуми, девојката била мртва уште пред да падне на земјата затоа што доживеала срцев удар.

- Мојата сестра беше девојка со најдобри особини, среќна, спонатан, им помагаше на сите и ги сакаше своите пријатели, како и тие неа, рекол нејзиниот брат.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk