logo
logo
logo

Книга му помогна ДА СТАНЕ МУЛТИМИЛИОНЕР, Ворен Бафет ја смета ПОВАЖНА ОД СИТЕ ДИПЛОМИ

Vecer | 31.05.2021

Книга му помогна ДА СТАНЕ МУЛТИМИЛИОНЕР, Ворен Бафет ја смета ПОВАЖНА ОД СИТЕ ДИПЛОМИ

Додека Џеф Безос, Илон Маск и Бернард Арно, се натпреваруваат за првото место на најбогати луѓе на светот Ворен Бафет стои далеку од таа трка, но е сигурен во листата на најбогати 10 лица во светот.

Бафет кој овој август ќе наполни 91 година, ужива во неговите секојдневни ритуали, како што се читање, работа и брза храна. Тој во неколку интервјуа истакна: „во мојата канцеларија нема да видите диплома од Универзитет во Небраска или магистратура од Универзитетот во Колумбија, но ќе видите сертификат што го добив на курсот на Дејл Карнеги“.

Дејл Карнеги беше американски писател и предавач и главно се занимаваше со личен развој, трговски вештини, градење на тимови, јавно обраќање и меѓучовечки вештини. Бафет верува дека тој, во едукативна смисла, го облагородил повеќе од споменатите институции.

Тој исто така истакна дека книгата „Како да се освојат пријатели и да се влијае врз луѓето“, објавена во 1936 година од Дејл Карнеги, е заслужна зошто тој станал мултимилионер. До 2011 година, повеќе од 30 милиони примероци од ова дело беа продадени ширум светот.

Дванаесетнеделниот курс, на кој присуствувал Бафет, има за цел подобрување на социјалните вештини, со цел да се изгради доверба кај луѓето, што би било корисно и во деловниот и во приватниот живот. Тоа е типична книга за самопомош, која доживеа неверојатен успех во рекорден период: првите 5.000 примероци се распродадоа брзо, а 17 изданија беа лансирани во првата година.

Во моментов се смета за една од најпродаваните книги во историјата, а во 2011 година, Тајм ја прогласи за една од 100-те највлијателни книги досега. Значи, не случајно сопственикот на компанијата „Беркшир Хатавеј“, чие богатство денес се проценува на 109,5 милијарди долари - ја избра за свој „водич“ на патот кон успехот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk