По петгодишна судска битка, актерот Бред Пит (57) доби заедничко старателство над децата кои ги има со актерката Анџелина Џоли (45), а веста протече во јавноста само еден ден пред 15-тиот роденден на нивната ќерка им Шајло.

Таа е првото биолошко дете на парот, кој своевремено го доби прекарот Бранџелина, а ги имаат и 12-годишни близнаци Нокс и Вивиен, кои исто така ги роди Анџелина и синовите Медокс (19), Пакс (17) и ќерката Захара (16), кои ги посвоиле.

Шајло беше најочекуваното дете во Холивуд во 2006 година, а со текот на годините се повеќе личи на момче и бара од семејството да ѝ се обраќаат како машко, а дури го избра и името Џек, што го потврди и самиот Бред.

„Шајло сака да биде момче“, изјави Џоли за магазинот „Варајети“ во 2010 година, кога откри и дека нејзината ќерка го преиспитува својот пол уште од својата трета година.

„Ја истрижавме, и купуваме облека за момчињата и се чувствува како еден од браќата“, рече тогаш нејзината мајка.

Откако наполни 14 години, Шајло стана тинејџерска ЛГБT икона и се шпекулираше дека зема хормони за промена на полот, но тоа никогаш не е потврдено.

И иако борбата на Бред и Анџелина околу старателството над неа и нејзините малолетни браќа и сестри конечно заврши, странските медиуми пишуваат дека Шајло е многу несреќна поради нарушените односи на нејзините родители, што исто така и предизвикува проблеми со прославата на роденденот.

Имено, и двајцата сакаат да го поминат целиот ден со својата ќерка и не сакаат да ја делат за нејзиниот роденден, како што потврди извор близок до парот, а наводно конечно било договорено едната половина од денот да го помине со Анџелина, а другата со Бред.

Шајло има одлична врска со Бред, беше напишано дека би сакала да живее со него откако нејзините родители се разведоа и дека тој особено ѝ недостасува откако започна пандемијата на корона вирусот затоа што заклучувањето го помина со Анџелина.