logo
logo
logo

Ќе се изнервираат Италијанците, РОБОТИ ПРАВАТ ПИЦА (ВИДЕО)

Vecer | 25.09.2022

Ќе се изнервираат Италијанците, РОБОТИ ПРАВАТ ПИЦА (ВИДЕО)

Овој угостителски потфат е дизајниран првенствено како ресторан кој ќе може да достави што е можно повеќе пици во најкус можен рок, исклучиво за достава. Иако роботите најчесто прават сè сами, сепак им требаат луѓе за да управуваат со нив.

Во Њу Џерси, САД, постои ресторан во кој роботи прават пици. Ресторанот по име PizzaHQ располага со машини кои се способни да направат повеќе од 300 пици за еден час, што е основната идеја на ресторанот. Роботите се вклучени во правењето пици за да може ресторанот да испорача голема нарачка за краток временски период.

Ресторанот PizzaHQ е отворен со цел да се задоволат потребите на пазарот, роботите се идеални за нарачки кои пристигнуваат поради организирање забави и големи собири.

Самите роботи ставаат сос, сирење и различни состојки на пицата во зависност од видот на пицата што ја прават. Има и роботи кои го подготвуваат тестото, ја печат и сечат пицата.

Целиот процес на правење пица трае помалку од една минута, се пече 7 минути, по што се пакува. Засега луѓето се занимаваат со пакување или сечење на пиците, иако не е исклучено машините да го преземат и тој дел. Сè уште се потребни луѓе за достава на пицата и за испорака.

https://youtu.be/CvCZFsyFTV4

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk