logo
logo
logo

Ќе наследи НАД 130 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Која е ќерката на Бил Гејтс

Vecer | 05.05.2021

Ќе наследи НАД 130 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Која е ќерката на Бил Гејтс

Најстарата ќерка на Бил и Мелинда Гејтс, Џенифер, се огласи на социјалните мрежи по повод разводот на нејзините родители.

Таа на својот Инстаграм профил, напиша дека ова е тежок период за целото семејство и додаде дека таа „продолжува да учи како да се справува со своите, како и со емоциите на другите членови на семејството“. Таа истакна дека повеќе нема да коментира за разводот на нејзините родители и истакна дека им е благодарна на сите што и испратија зборови за поддршка.

Таа, нејзиниот брат Рори и сестрата Фиби, морале да ги следат строгите правила на таткото и мајката додека растеле. Познато е дека нивниот татко им забранил да користат телефон до 14-та година од животот, а вниманието во нивното семејство е насочено кон образованието.

Џенифер дипломирала на Стенфорд во 2018 година, Катедра за биологија, и во интервју за „Магазинот Сајлсин“.

Оваа млада дама обожава коњи и трки со коњи, а „Бизнис инсајдер“ напиша дека нејзиниот татко купил имот во Велингтон, Флорида, кој чинел околу 37 милиони долари, поради нивната голема страст кон коњите.

Во јануари 2020 година беше објавено дека е свршена со Најел Насар, кој студирал со неа на Стенфорд. „Едвај чекам да го поминам остатокот од мојот живот со него“, напиша таа на Инстаграм.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk