logo
logo
logo

Китови орки убиваат големи бели ајкули и им ги јадат дробовите (ВИДЕО)

Vecer | 04.11.2025

Китови орки убиваат големи бели ајкули и им ги јадат дробовите (ВИДЕО)

Иако ова однесување веќе е забележано во Јужна Африка, Австралија и Калифорнија, ова е прв пат ваков лов да биде документиран во Мексико, според студија објавена вчера во списанието Frontiers in Marine Science, пишува CNN.

Во еден снимен инцидент од август 2020 година, снимен со користење на разни камери и дрон, пет женски орки соработувале за да нападнат млада голема бела ајкула. Откако успешно го отстраниле и поделиле црниот дроб еден на друг, само неколку минути подоцна тие нападнале друга млада ајкула и ја повториле истата постапка.

Сличен настан е забележан во август 2022 година, кога мешана група орки на истата локација нападнале и го изеле црниот дроб на друга бела ајкула.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by ORCAS MEXICO (@orcasmexico)

Тактика на „тонична неподвижност“

Студијата истакнува дека во два од трите снимени напади, орките ја имобилизирале ајкулата со вртење на грб, вешто избегнувајќи каснувања. Со вртење на ајкулата, тие предизвикуваат состојба позната како „тонична неподвижност“, што го прави животното неподвижно и полесно за манипулирање.

„Ракувањето со плен и предизвикувањето тонична неподвижност може да се постигне полесно кај помалите бели ајкули во споредба со поголемите единки, со што се намалува и ризикот од каснување“, се наведува во студијата.

„Нашите докази недвосмислено покажуваат конзистентност во повторените напади и удари, што укажува на ефикасна маневрирачка способност на орките во обид да ја свртат ајкулата наопаку, веројатно за да предизвикаат тонична неподвижност и да овозможат непречен пристап до органите за консумирање“, се додава во трудот.

Закана за популациите на ајкули

Авторот на студијата Ерик Игера, фотограф за диви животни и морски биолог од непрофитната организација „Конексионес Терамар“, за Си-Ен-Ен изјави дека е изненаден што орките ловат големи бели ајкули во истата област во различни години. Ова може да значи дека младите големи бели ајкули стануваат редовна сезонска цел за орките, што може да „стави значителен дополнителен притисок“ врз нивната популација.

„Ова дава повеќе информации за екологијата на орките во Калифорнискиот Залив, што може да се искористи за зачувување и на големите бели ајкули и на орките“, рече Игера.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk