За да го облече култниот фустан на Мерлин Монро на Мет Гала, ријалити ѕвездата Ким Кардашијан (41) ослабе дури седум килограми за три недели, како успеала и што ја мачи сега им раскажа на ко-водителките  „Тудеј Шоу“ Савана Гатри и Ходи Кот.

– Не се трудам повеќе да ослабам, но сега имам повеќе енергија. Исфрлив толку многу шеќер и нездрава храна што јадев. Сето тоа ми го промени животот – додала таа.

Многумина ја прозваа за брзото слабеење, но Кардашијан за Њујорк Тајмс изјави дека не очекува фановите да ги следат нејзините стапки и да го прават истото  што и таа.

– Не дојдов кај никого и не реков: „Еј, зошто не почнеш да слабееш за кратко време? За мене беше во ред. Ако Кристијан Бејл може да го направи тоа за филмска улога, тогаш тоа е прифатливо. Дури и Рене Зелвегер се здебели за улога – призна Ким.