logo
logo
logo

Хуманитарна велосипедска тура околу Охридското Езеро

Vecer | 22.05.2022

Хуманитарна велосипедска тура околу Охридското Езеро

Хуманитарна велосипедска тура околу Охридското Езеро ќе се одржи денеска во организација на Здружението за друмски и планински велосипедизам „MacedonianBikeRiders". Турата е од рекреативен карактер, а може да учествува секој кој е кондиционо спремен и има технички исправен велосипед за возење 92 километри околу Охридското езеро.

Осмото издание на „Tour de Lake" е за поддршка и помош на Светлана Георгиевска, која по потекло е од Украина, a е самохрана мајка која во моментов нема постојан дом за живеење со заедно со нејзиното дете, а покрај тоа таа во исто така има и онколошки здравствен проблем.

– Кога ја дознавме, за жал не убавата приказна поврзана со Светлана, одлучивме ние како здружение оваа година турата околу Охридското Езеро да ја огранизираме, токму за неа и колку што е во наша моќ, заедно со сите љубители на велосипедизмот да и помогнеме, велат огранизаторите од „MacedonianBikeRiders".

Од Здружението потенцираат дека пријавувањето за учество во турата се врши со донација од 300 или 500 денари, со што секој учесник ќе добие стартен пакет кој огранизаторите го обезбедија со помош на пријатели кои го поддржуваат настанот./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk