logo
logo
logo

Хуманитарна ИТ трка на СОС Детско село, посебен сообраќаен режим во Скопје

Vecer | 25.09.2022

Хуманитарна ИТ трка на СОС Детско село, посебен сообраќаен режим во Скопје

Трката ќе почне во 9 часот од вело патеката на Кејот на Вардар кај хотелот „Александар Палас“, а ќе заврши кај паркот Авионче во Ново Лисиче околу 12 часот.

На финишот на трката ќе се одржи едночасовен настан чија цел ќе биде да се зближат учесниците на трката со децата и младинците поддржани од СОС Детско село.

Поради трката во главниот град, од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.

– Трасата на движење се протега на дел од велосипедската патека на кејот на реката Вардар, почнувајќи од мостот на Вардар на бул.„8 Септември“, во близина на хотелот „Александар Палас“, па сѐ до мостот на Вардар на бул.„Киро Глигоров“, во близина на хотел „Хилтон“, информираат од Министерството за внатрешни работи. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk