logo
logo
logo

Холандскиот крал веќе нема да ја користи златната кочија- имала расистички симболи

Vecer | 17.01.2022

Холандскиот крал веќе нема да ја користи златната кочија- имала расистички симболи

Тој прифатил дека кочијата е навредлива за голем број луѓе.

„Не можеме да го промениме минатото. Но, заедно можеме да се обидеме да се помириме со него“, рекол кралот за возилото наречено Златна кочија. Тој рекол дека нема да се користи се` додека колонијалната историја на Холандија е контроверзна.

„Златната кочија повторно ќе вози само кога Холанѓаните ќе бидат подготвени за тоа, што во моментов не е случај“. Кочијата е еден од симболите на холандската монархија, но за многумина симболизира расизам и репресија во 200-годишното колонијално минато.

Главната точка на расправија е сликата на едната страна од кочијата, наречена Подарокот на колониите. На илустрацијата е прикажана бела жена на престолот додека полуголи црнци и полагаат подароци пред нејзините нозе. Полемиката за кочијата се развивала со години, особено поради фактот што во неа се вози монархот.

Холандската кралска двојка традиционално секој септември патува со кочијата до отворањето на парламентот. Но, не е користена од 2015 година, кога е однесена на реставрација по речиси 125 години употреба. Во последните шест месеци била изложен во музејот во Амстердам, но изложбата ќе биде затворена следниот месец.

Кочијата била подарок од градот Амстердам на кралицата Вилхелмина во 1898 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk