Кендрик Ламар – првиот рапер во историјата добитник на Пулицеровата награда

Раперот Кендрик Ламар ја доби Пулицеровата награда за музика за неговиот албум „DAMN“. Тој е прв некласичен музичар кој ја добива оваа награда.

Одборот за доделување на наградата соопшти дека албумот на Ламар ја опфаќа комплексноста на афроамериканскиот и американскиот живот. Тој бил пофален за длабоката лирска содржина на неговите песни, за неговите исклучителни настапи во живо и неговиот длабок микс на хип-хоп, џез, соул, фанк, поезија и африкански звукови.

Неговите албуми „Good kid, m.A.A.d city“, „To Pimp a Butterfly“ и „DAMN“ станаа уметнички дела на кои се наоѓаат песни на кои Ламар пее за тоа како е да се биде Афромаериканец, за животот на улица, за полициското насилство, издржливоста, преживувањето.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари