logo
logo
logo

Кендал раскина со НБА ѕвездата па објави фотографија УГУЛ ГОЛА

Vecer | 27.06.2022

Кендал раскина со НБА ѕвездата па објави фотографија УГУЛ ГОЛА

Кендал Џенер (26) и кошаркарот Девин Букер (25) раскинаа по двегодишна врска, а манекенката на социјалните мрежи откри дека првите денови ги поминува како „соло“ девојка.

На својот Инстаграм профил таа објави серија фотографии на кои јава коњ, вози автомобил и ужива во јапонските специјалитети. Сепак,  најмногу прашина дигна фотографија на која таа се сунча угул гола.

-Се гледа дека сте раскинале со дечкото - и коментирале следачите, а други пак фотографијата ја прогласиле за „непримерна“

Странските медиуми пишуваат дека кошаркарот и реалити ѕвездата раскинале за да можат да се посветат на кариерата.

„Иако се грижат еден за друг, Девин немаше намера да ја запроси Кендал бидејќи приоритет му е кариерата, а таа доминира и во животот на Кендал“, изјавил извор близок до парот за Page Six.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk