logo
logo
logo

Кејт Мидлтон со нова улога во кралското семејство

Vecer | 27.05.2021

Кејт Мидлтон со нова улога во кралското семејство

Кејт Мидлтон зазема нова важна улога во кралското семејство, онаа што ја носеше принцот Филип во текот на целиот живот, кој секогаш се обидуваше да го држи семејството заедно популарно наречено „Фирмата“ и ќе даде се од себе за да успее во тоа, тврди експертот за кралско семејство Кети Никол.

Во интервју за 60 минути, уредничката на Vanity Fair, Кејти Никол, рече дека 39-годишната Кејт стана најценетата личност во семејството и е совршена за добар ПР и прикажување на добар јавен имиџ во тешки времиња.

„Кралското семејство е свесно дека таа има важна и клучна улога, па ја ставаат во центарот на настаните. Мислам дека таа има улога на поврзување и помага да се решат семејните проблеми на ист начин како војводата од Единбург кој беше главата на семејство, патријархот. И сега ја гледам Кејт како ја презема неговата улога и се обидува да ги одржи работите заедно “, објасни Кејти.

Оваа беше тешка година за кралското семејство, тие го загубија принцот Филип, се соочија со обвинувања за пријателство помеѓу принцот Ендру и милијардерот и педофил Џефри Епстајн кој си го одзеде животот во затвор, а принцот Хари и Меган Маркл ги опсипаа со низа сериозни обвинувања.

Кејти ја допре и темата за наследството на круната и прашањето дали принцот Чарлс и Камила Паркер Боулс ќе бидат прескокнати или круната ќе им припадне на неговиот син Вилијам и Кејт веднаш по кралицата Елизабета.

„Многу луѓе мислат дека би било пологичен потег, да се прескокне една генерација и Вилијам и Кејт веднаш да бидат прогласени за крал и кралица“, открила таа, додавајќи дека постои можност тие да се покажат попопуларни од Чарлс и Камила, но таа можноста е сепак многу малку веројатна.

"Идејата за кршење на уставот и нештото врз кое се темели кралското семејство веројатно нема да се реализира, иако Вилијам и Кејт се совршен избор за добар ПР. Веќе имавме шанса да видиме колку влеваат доверба. Кејт како личност која не е родена во кралско семејство неверојатно добро се снаоѓа во улогата која ја има и не може да погреши со ништо“, заклучи експертката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk