logo
logo
logo

Кејт Мидлтон БЛЕСНА во Бостон со ѓерданот на Лејди Ди - Од нејзината смрт не е носен во јавност

Vecer | 03.12.2022

Кејт Мидлтон БЛЕСНА во Бостон со ѓерданот на Лејди Ди - Од нејзината смрт не е носен во јавност

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон  ја воодушеви публиката во светло зелен фустан и култниот накит на покојната принцеза Дијана кога пристигна со принцот Вилијам  на наградите Earthshot 2022 година во Бостон во петокот, 2 ноември.

Облечена во фустан со долги ракави, со голи рамениците, Solace London 'Sabina' (525 долари) позајмен од платформата за изнајмување Hurr.

Со едноставна пуштена коса изгледот го надополни со блескави обетки и едно од најпознатите парчиња накит на покојната принцеза Дијана - ѓердан од смарагди и дијаманти што принцезата Дијана често го носеше (дури и како лента за глава во 1985 година).

Royal Visit Boston - Earthshot Prize Awards

Блескавиот смарагден ѓердан на кралицата Мери не е виден од смртта на Дијана, а ѓерданот е „редизајн на смарагдниот и дијамантскиот ѓердан што ѝ беше даден на кралицата Мери за време на Делхи Дурбар во 1911 година“.

PRINCESS DIANA AT THE TATE GALLERY FOR A GALA SHOW ON HER 36TH BIRTHDAY, LONDON, BRITAIN - 1997

Освен што носеше еден од познатите ѓердани на принцезата Дијана, принцезата Кејт, исто така, изгледаше како да го канализира стилот на нејзината свекрва, нејзиниот фустан потсетуваше на светло зелениот фустан што Дијана го носеше со блескав ѓердан за време на нејзината државна посета на Малезија во 1993 година. Се верува дека ѓерданот вреди повеќе од 15 милиони долари.

Принцот од Велс изгледаше одлично во кадифениот смокинг и црни панталони за неговата годишна награда за заштита на животната средина.

За првите награди Earthshot во 2021 година, Мидлтон носеше 10-годишен фустан од Александар Меквин што првично го носеше на настан на БАФТА во Лос Анџелес, кратко откако таа и Вилијам се венчаа во 2011 година.

Иако нејзината облека оваа година не беше толку стара, принцезата се држеше до  кодексот за облекување за настанот со изнјамување на гардероба. На овој настан присуствуваа и Дејвид Бекам, Били Ајлиш, Клои икс Хали, Рами Малек и Ени Ленокс.

Royal visit to Boston - Day 3

Page Six објави дека наградата за животна средина создадена од Принцот од Велс пристигна во Бостон оваа година, со 1 милион фунти (1,2 милиони долари) доделени на креаторите на промени во животната средина во категориите чист воздух, климатски промени, зачувување на природата, ревитализација на океаните и отстранување на отпад.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk