logo
logo
logo

Казна за паркинг МУ ДОНЕЛА СРЕЌА ВРЕДНА 1750 ЕВРА

Vecer | 22.10.2021

Казна за паркинг МУ ДОНЕЛА СРЕЌА ВРЕДНА 1750 ЕВРА

Што би направиле доколку најдете 1750 евра на улица?

Двајца полицајци во Србија, Дејан Н. и Милан Ј. од Пожаревац, на 18 октомври на тротоар пронашле машка чанта полна со пари, но немале морална дилема во врска со ова прашање.

Според полициските службеници, покрај 206000 динари (околу 1750 евра), во чантата имало и нараквица и казна за паркинг.

- Сопственикот на чантата можеби не бил среќен што беше казнет за неправилно паркирање, но врз основа на податоците од таа казна, го најдовме и му ги вративме парите истата вечер. Секако, сопственикот се радуваше и ни се заблагодари - рече Дејан Новковиќ и нагласи дека тоа е дел од нивната работа и дека секогаш се тука за своите сограѓани.

Неговиот колега, полицаецот Јанковиќ додаде дека им е драго што отишле таму, бидејќи се работи за голема сума на пари.

Тој изјавил и дека цело време мислеле како се чувствува сопственикот и како треба што побрзо да го најдат и да му ги вратат парите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk