logo
logo
logo

Катарската БОЖИЦА направи ХАОС на трибините: Во раката носи ЧАНТА која е ПРЕСКАПА

Vecer | 02.12.2022

Катарската БОЖИЦА направи ХАОС на трибините: Во раката носи ЧАНТА која е ПРЕСКАПА

Сопругата на катарскиот шеик и поранешен емир на Катар, Хамад ибн Калифа ал Тани, шеиката Мозах ибн Насер, не дозволува никој да го засени нејзиниот стил на овогодинешното Светско првенство. Таа од ден на ден избира се поефикасни комбинации, а на мечот меѓу Катар и Холандија пред неколку дена изгледаше како олицетворение на моден сон.

Се појави во облека во розови и виолетови тонови. Но, убавата облека остана во сенка на Valentino VSLING, и тоа не која било чанта од оваа колекција. Станува збор за розовиот модел, најреткиот примерок кој не може да се најде во оваа боја на официјалната веб-страница на модниот бренд.

 

Цените на чантите Valentino VSLING кои се продаваат во сина, бела, виолетова, металик бои... се движат од 1.200 (најмалите модели) до 4.200 евра (моделите украсени со светкави детали). Чантата што ја носеше Моза е една од најскапите.

Со оглед на богатството на семејството на шеиката Моза, кое спаѓа во групата на најбогатите кралски семејства во светот, споменатата сума е ситница. И повеќе од тоа.

Моза од трибините го следеше и натпреварот помеѓу Саудиска Арабија и Мексико  и уште еднаш ја потврди својата голема модна репутација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk