logo
logo
logo

Кашмирскиот сафир продаден за над 2 милиони евра на аукција

Vecer | 21.07.2021

Кашмирскиот сафир продаден за над 2 милиони евра на аукција

Проценет на два до три милиони евра, овој скапоцен камен, вметнат во прстен од платина и жолто злато и обрабен со двоен ред кружни дијаманти, беше понуден на аукција во Кафе де Париз со почетна цена од 1,7 милиони евра.

Седум купувачи се натпреварувале по телефон до последниот удар на чеканот и крајот на аукцијата.

Италијанскиот купувач, покрај дополнителните трошоци, ќе треба да издвои и вкупно 2,7 милиони евра за накитот  што припаѓал на европско кнежевско семејство.

Најубавите примероци на сафири се од Кашмир се високо ценети од колекционерите и редовно се продаваат за повеќе од еден милион евра.

Во 19 век, при свлечиште на планинскиот венец Хималаите откриени се наоѓалишта на овој исклучително скапоцен камен.

Денес, повеќето наоѓалиштата во областа се затворени, поради што овој скапоцен камен со „длабока сина боја на свилен и кадифен сјај“ е многу редок.

Во 2014 година, „Сината убавина од Азија“, сафир на ѓердан од 392 карати, достигна астрономска цена од 17,29 милиони долари во аукциската куќа „Кристи“ во Женева.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk