Здравје

Капина – лек за крвта, храна за телото!

Освен плодот на капината, кој се користи за правење сокови, мармалад, вино, во колачи, и листот на капината може да се искористи за чај. Овој чај помага за намалуавње на крвниот притисок, а помага и кај парадентоза.

Витамини, минерали, растителни влакна, флавоноиди, сето тоа го содржат капините, кои освен што се вкусни, во својот состав имаат благотворно дејство при многу здравствени проблеми.

Освен плодот на капината, кој се користи за правење сокови, мармалад, вино, во колачи, и листот на капината може да се искористи за чај. Овој чај помага за намалуавње на крвниот притисок, а помага и кај парадентоза.

Младите фиданки и листовите на капината, заедно со фиданките на копривите, јглика и шумски јагоди го прават познатиот пролетен чај, кој служи за прочистување на крвта. Смесата од листови капина со мед и прополис отвара апетит и го лечи желудникот.

Ккао останатото темно овошје, како боровинките и грзјето, капините содржат биофлавоноиди, кои делуваат како силни антиоксиданси и го спречуваат создавањето на слободни радикали. Ја зголемуваат апсорбцијата на витамин Ц и помагаат за зачувување на колагенот.

Хранливи вредности на капината:

Благите, сочни капини се летен деликатес во северните региони со умерена клима. Како малините, растат на грмушки од фамилијата rosaceae. Растението потекнува од Европа, а денес се одгледува комерцијално од Северна Америка (особено САД), па сè до Сибир.

Ботанички, растението е повеќегодишна грмушка која припаѓа во фамилијата Rosaceae, од родот Rubus. Научното име на капината е Rubus fruticosus.

Во зависност од сортата, грмушката од капините може да се класифицира како исправена, полуисправена или ползечка. Исправениот вид грмушка има трња и се раширува преку 'ркулци од корењата (кои потоа испуштаат ластари) по грмушките, додека на ползечкиот вид грмушка му е потребен шпалир за да може да расте и испушта свежи ластари. Во текот на втората сезона на ластарите се појавуваат бели или розови цветови.

Технички, целата дудинка е збир од мали плодови кои се кружно. Секој ситен плод има мала, сочна пупла обвиена околу една, ситна семка. Капината тежи од 3 до 4 грама и содржи од 80 до 100 ситни плодови.

Видовите Логан и Феномен се хибридни дудинки добиени преку вкрстување на капини и малини.

Совети за приготвување:

Капините се одличен и многу вкусен додаток на секоја овошна салата. Исто така, можат да се додаваат и во сладоледи.

Пасираните капини се користат за приготвување на француски сосови.Пасираните капини можат да се користат и за приготвување сок, џем, мармалад и сос.Капините им даваат особен вкус на колачите, печивата, тортите, питите и пудинзите.Од нив може да се прави и ликер.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари