„Канибалска дрога“ се шири низ Европа, предизвикува тешка параноја

Новa дрога која чини помалку од еден сендвич почна да се шири во Европа. Нејзиното име е флака, а ја нарекуваат и „канибалска дрога” и се увезува од Кина.

Луѓето што ја консумираат мирисаат на урина од мачка, но тоа не е најголемиот проблем, бидејќи една жена која ја користела ѝ ги ископала очите на својата мајка, зависник од флака му го одгризол лицето на бездомник, а еден дрогиран човек се обидел да има секс со дрво.

Флака изгледа како сол за капење и може да се јаде, да се шмрка или да се зема интравенозно со инјекција.

Дрогата предизвикува еуфорија и ја зголемува самодовербата, како кокаинот, но разликата е во тоа што флака доведува  до тешка параноја и губење на чувството за реалност.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари