logo
logo
logo

Канадска милионерка убила полицаец во Белизе, нема да оди во затвор

Vecer | 03.06.2023

Канадска милионерка убила полицаец во Белизе, нема да оди во затвор

Наместо да оди зад решетки, Хартин само ќе плати казна од 30.000 фунти и ќе заврши 300 часа општествено корисна работа. Покрај тоа, таа мора да сними видео предупредување за опасностите од пијанство и лошо ракување со огнено оружје, пишува Breaking Belize News.

Хартин (34) се изјасни за виновна за убиство од небрежност на полицаецот Хенри Џемот (42), што се случи на крајот на мај 2021 година. Џемот починал откако се здобил со прострелна рана во главата.

За време на истрагата, било откриено дека Хартин и Џемот, кои биле пријатели, се забавувале заедно на островот Амбергрис Кеј ноќта на неговата смрт. Според полицискиот извештај, тие пешачеле по плажата пред да завршат на пристаништето, каде Џемот ѝ го дал пиштолот за да го остави настрана.

Хартин им кажала на инспекторите дека била пијана додека го држела Глок 17 и дека случајно се отклучил. Полицијата ја пронашла во близина на пристаништето облеана во крв и вознемирена, а телото на убиениот е пронајдено во морето.

Според кривичниот закон во Белизе, максималната затворска казна за убиство од небрежност е пет години. Додека беше слободна, чекајќи го крајот на судењето, Хартин даде неколку интервјуа и се појави во документарниот филм „Еден куршум во Белизе“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk