logo
logo
logo

Камила: Чест ми е што ќе бидам кралица

Vecer | 25.02.2022

Камила: Чест ми е што ќе бидам кралица

Кралицата Елизабета и` одобри на војвотката Камила да и` биде доделена титулата кралица откако принцот Чарлс ќе стане крал, со што стави крај на долгогодишните контроверзии и шпекулации за нејзината иднина.

Војвотката нагласи дека ќе ја искористи својата идна позиција за да застане уште посилно за правата на жените и да се спротивстави на семејното насилство, истакнувајќи дека сака да продолжи да го прави тоа во текот на животот.

Во интервју за Би-Би-Си, таа повика на радикални социјални промени: „Мораме да ги поддржиме културните промени. И мислам дека треба да почнеме од почеток, мислам дека треба да ги научиме децата на училиште да почитуваат. Мораме да ги научиме да го почитуваме секое човечко суштество“.

Таа истакна дека мисли дека насилството врз жените не се намалува и дека заклучувањето предизвикано од епидемијата само ја влоши ситуацијата. „Мислам дека заклучувањето беше ужасно затоа што луѓето немаа каде да бегаат“, заклучила таа.

Да потсетиме, кралицата Елизабета Втора на почетокот на февруари објави дека Камила ќе биде следната кралица, јави Би-Би-Си.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk