logo
logo
logo

Какви промени носи ПОЛНАТА МЕСЕЧИНА: На некои знаци не им се пишува арно

Vecer | 22.06.2021

Какви промени носи ПОЛНАТА МЕСЕЧИНА: На некои знаци не им се пишува арно

На 5 јули освен затемнување, не очекува и полна Месечина во знакот на јарецот – природно десетто поле во зодијакот, поле на кариери, професии, репутации, статуси во општеството, деловни и социјални активности..

Затемнувањето на Месечината често создава емоционални проблеми, стравови, грижи, депресија и нервоза неколку дека пред и по овој астролошки феномен.

На 21 јуни беше затемнувањето на Сонцето во рак, а сега ова затемнување на Месечината е кулминација на тој настан. Доколку пред десетина дена започнавте некоја важна работа, овие денови ќе ги согледате резултатите. Со оглед на фактот дека и Месечината е полна, емотивните личности лошо ќе се носат со промените.

Во продолжение, еве како затемнувањето ќе влијае на секој знак поединечно:

Јарците и раковите треба да се заштитат од стрес и да избегнуваат конфликти. Ова исто така важи и за овните и вагите.

Затемнувањето најдобро ќе им влијае на биковите и на девиците, како и на скорпиите и рибите. Овие четири знаци ќе почувствуваат значително подобрување на сите полиња.

Близнаците непотребно се грижат за парите и за имотот. Лавовите размислуваат за промена на работното место и се грижат за здравјето. Стрелците имаат многу трошоци, но ќе имаат и приходи. Водолиите, пак, се оптоварени со многу животни теми, ги мачи и несоница.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk