Ирецот Килијан успеал да сними една необична сцена која се случила во Даблин. Имено, тој снимил тројца мажи кои на многу досетлив начин спуштале кауч од прозорец и тоа од висина.

Видеото кое го објавил на ТикТок за кратко време стана вистински хит и доби бројни коментари.

@cillian_gcDublin’s great #dublin #ireland♬ original sound – Cillian

„Ова е генијално!“, „Какви цареви“, „Секоја чест, како се сетивте на ова“, се дел од коментарите под видеото.

За работите да бидат уште поинтересни, Килијан објавил уште едно видео со аудио од легендарната сцена од „Friends“ кога Рос ги навигира Чендлер и Рејчел како да го носат каучот и вика „Pivot“ односно „Врти“.

@cillian_gcReply to @darth_ru did I get it right? 😂

♬ Pivot – Friends Cast