Украинскиот пар Александар Кудлај и Викторија Пустовитова на Денот на вљубените се оковаа со цел да се обидат да си ја спасат врската, но на крај раскинале.

 

Viktorija Pustovitova, Aleksandar Kudlaj
Продавачот на автомобили (33) и козметиарката (29) шокирале многумина со одлуката да се оковаат, а првобитниот план им бил три месеци да бидат врзани еден за друг и буквално се да прават заедно.

 

Viktorija Pustovitova, Aleksandar Kudlaj

Иако останале еден покрај друг 123 дена, недостатокот на приватност ги „докусурил“, па објавиле крај на врската кога ги симнале оковите од рацете.

 

Viktorija Pustovitova, Aleksandar Kudlaj

„Бевме заедно по цел ден. Не добив никакво внимание од него, ниту ми велеше дека му недостастувам“, рекла Пустовитова.

 

Viktorija Pustovitova, Aleksandar Kudlaj

Иако епилогот не е среќен и романтичен како што се надевале, нивниот уникатен случај привлекол големо внимание. Синџирот со кој биле врзани сега се продава на аукција, а средствата ќе одат во хуманитарни цели.