Производите за самопотемнување содржат предупредување за вода, односно треба да се биде внимателен додека бојата целосно не се впие и исуши. Шминкерот Џош Рид (29) ова го дознал на малку потежок начин.

Имено, типов една вечер на лицето ставил спреј за самопотемнување, па седнал да гледа филм. Ама филмот бил тажен, а Џош се „утепал“ од плачење. Следниот ден имало што да види.

– Ставив спреј, па седнав да гледам филм, но тој беше многу тажен. Потоа си легнав да спијам, а следниот ден имав што да видам. Се разбудив со траги од солзи. Бев во шок и во паника. Не знаев што да сторам, раскажал Џош.

Видеото го објавил на Тик Ток и „заработил“ преку милион прегледи. Спрејот кој го користел бил со средна нијанса, која можела да се постигне после 6 часа, но тој решил да преспие за да има потемен тен. На крајот освен што станал со нијанса која баш и не ја очекувал имал и траги од солзи по лицето.

За среќа, бојата се подизмила, а трагите ги сокрил со шминка, па можел да се појави во јавност.

@beautybyreadeReply to @daniellalouisa8 for you and everyone who wanted with this added sound 😂😭 #fyp #foryou #foryoupage #faketan #tanning #tangonewrong #badtan♬ Oh No – Kreepa

@beautybyreadeReply to @plutogriffon how I feel about this comment 😂🥺😭 #fyp #foryoupage #badtan #faketan #tanning #tangonewrong

♬ original sound – Makeup By JoshReade