logo
logo
logo

Како заведуваат хороскопските знаци: Лавовите сензуални, раковите не ги бива

Vecer | 01.05.2021

Како заведуваат хороскопските знаци: Лавовите сензуални, раковите не ги бива

За заводливите крпчиња секогаш има место во орманот, а не треба посебен повод за да посакате да ги купите. За попрецизно да погодите нечиј вкус, ви предлагаме да ги прочитате генералните насоки кои ги нуди хороскопот.

Овен

Овните сакаат долна облека во боја, особено портокалова и црвена. Ако сакате да заведете овен, одлучете се за комбинација од портокалов или црн сатен или свила. Тие го сакаат и беби-дол стилот. Без проблем ќе паднат и на црни подвезици, кои ако ги надополните со вртоглави потпетици ќе направите полн погодок.

Бик

Биковите одат од крајност во крајност. Тие сакаат или ултрапровокативна долна облека, или пак некоја со детски дезени. Розовата и црната се нивните омилени комбинации. Жените родени во овој знак обожаваат високи потпетици од кожа во комбинација со мрежести чорапи. Мажите, пак, ги привлекуваат жени со тетоважи и пирсови. Некои бикови се склони на садо-мазо стил.

Близнаци

Близнаците се многу перверзни. Уживаат во секси униформи како оние на медицинските сестри, наставничките, полицајките. Жените родени во овој знак сакаат и скапоцен кимоно-костим или кожено трико.

Рак

Жените родени во знакот на рак сакат долги, проѕирни ноќници, обложени со монистра. Омилени бои за долна облека им се зелената и црвената во сатен варијанта. Раковите сакаат и облека во бела боја, а многу од жените понекогаш сакаат да се облекуваат инфантилно, поточно детски.

Лав

Лавиците сакаат долна облека со шари од тигар или леопард. Тие се сензуални личности кои обожаваат крзно на својата кожа. Ги сакаат свилата, сатенот и машните, но и моделите кои се носеле во педесеттите и шеесеттите години.

Девица

Жените родени во знакот на девица се прилично скромни и преферираат практична долна облека. Ако се подготвуваат за некоја секси акција, одбираат корсети кои ги стегаат колку можат повеќе, а се чувствуваат и секси во чорапи со халтери.

Вага

Со вагите владее божицата Венера, па според тоа жените секогаш одбираат најлуда и најсекси долна облека. Розова, жолта и сина се омилените бои на овој секси знак, но сакаат да носат и облека со златникави мотиви, платформи, мрежести чорапи и проѕирни материјали.

Скорпија

Скорпиите се многу секси по природа и ја сакаат кожата и пластиката. Омилена боја им е црната. Паѓаат на фетиш опрема, како што се ланците, јапонската опрема за врзување, а сакаат и тесни високи чизми.

Стрелец

Жените родени во знакот на стрелец обожаваат сензуалност и сексапил кој им го даваат долгите ракавици, чизмите и долната облека со многу копчиња. Сакаат и нежни кадифени материјали. Виолетовата, црвената и зелената им се омилените бои.

Јарец

Јарецот е многу чувствителен знак кој мисли дека памукот е многу сензуален и секси. Обожаваат квалитетни ноќници, дури и ако се закопани до грло. Многу од жените родени во овој знак сакаат мрежести чорапи и танга гаќички, сатенски градници и гаќички во розова, сина или жолта боја.

Водолија

Овој визионерски знак сака изразено тесна долна облека од футуристички и сјајни материјали. Светлоцрвена и темновиолетова се нивните омилени бои, а маските, пердувите и свилените ленти им се омилените додатоци.

Риби

Рибите не се толку диви и сакаат памучни ноќници со рози или какви било цветни мотиви. Мажите родени во знакот на риба обожаваат жени кои носат машки маици за спиење. Ги возбудува изгледот на невина студентка, но не можат ниту да одолеат на секси халтери и кравата или пеперутка-машна.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk