logo
logo
logo

КАКО СЛАБЕАТ ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ: Овенот брзо се откажува, а за ракот диетата е кошмар!

Vecer | 16.04.2021

КАКО СЛАБЕАТ ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ: Овенот брзо се откажува, а за ракот диетата е кошмар!

Овен

Припадниците на овој хороскопски знак секоја диета ја почнуваат со многу елан, но штом вагата брзо не покаже резултати, тие се огорчени и подготвени да се откажат од намерата. Најчесто слабеат со изгладнување, па доаѓа до јо-јо ефект. Најдобро за нив е во исхраната да вклучат помали меѓуоброци. Треба да внесуваат многу течности, особено зелен чај. Бидејќи се зависни од слатки, не треба комплетно да се откажат од тоа задоволство. Подобро за нив е да си приуштат малку темна чоколада.

Најлесно ќе симнете килограми преку возење велосипед или трчање на долги патеки.

Бик

На припадниците на овој знак им е потребно време да воопшто се одлучат за посебен режим на исхрана, бидејќи тешко се откажуваат од своите задоволства. Сепак, откако ќе се мотивираат доволно, упорни се – слабеат полека, но сигурно. Им се препорачува да консумираат повеќе јаболка и појаки зачини како кари и чили кои ќе го регулираат нивниот метаболизам. Житарките во комбинација со јогурт се одличен избор за појадок, а слатките треба комплетно да ги одбегнуваат.

Јога и умерено трчање

Близнаци

Припадниците на овој знак немаат некоја редовна исхрана. Можат да издржат цел ден без храна, за навечер да седнат на масата и со часови да мезат. Тие како и Овните би требало да внесат повеќе меѓуоброци, да ги намалат кафињата и да ги заменат со чај. За нив е особено важно да јадат варива кои брзо ги заситуваат. Нивниот најголем проблем е што не одвојуваат доволно време за исхраната и секоја подготовка на одредено јадење им паѓа тешко.

Ви препорачуваме фитнес минимум 2 пати неделно. 

Рак

Обично сакаат да готват и се големи гурмани, па диетата за нив е ноќна мора. Преферираат и фаст-фуд и тоа е првото што треба да го елиминираат. Хронично им фалат витамини во организмот, кои треба да ги надокнадат со свежо овошје (јаболка, мандарина и портокал). Треба да избегнуваат внесување бел леб и да преминат на поздрава варијанта, а откако ќе се одлучат на режим за нив се клучни првите три дена кои мора да ги издржат, особено во стресниот период кога храната им служи како утеха.

За вас најпрепорачливо е пливањето

Лав

Припадниците на овој знак сакаат добра храна и пијалаци, внимаваат на својата линија и ретко имаат проблеми со килограмите. Тие знаат дека се склони кон дебелеење и се обидуваат да се контролираат, па не им се потребни драстични промени во исхраната. Тие се еден од знаците со добар метаболизам, па ним им е доволна редовната физичка активност. Им се советува повеќе да внесуваат јаткасти плодови.

Почнете да се занимавате со танцување.

Девица

Имаат чувствителен дигестивен систем, па понекогаш им е исклучително тешко да одберат намирници и да комбинираат мени кое ќе им помогне да ослабнат. Инаку, се многу дисциплинирани и ако ги предизвикате да се ослободат од вишокот килограми, верувајте дека тоа правилно ќе го одработат, дури и ако треба да гладуваат. Им се советува комплетно да ги исфрлат од исхраната сувомеснатите производи и јадењата приготвени со премногу масло и да се ориентираат на готвена храна. Ако не се поборници за редовно вежбање, прошетките мора да ги практикуваат.

Трчање, велосипед или фитнес. Девиците имаат избор.

Вага

За нив диетата е пекол. Не сакаат да се ограничуваат, да го тестираат својот карактер или да гладуваат, без разлика колкава им е желбата да изгледаат добро. Затоа, од посебен режим на исхрана може да се откажат уште првиот ден, а најпаметното што може да го направат е да се запишат на вежбање со близок пријател кој ќе ги поттикне да не се откажуваат така лесно од спортските активности. На нивното мени мора да има повеќе јогурт, риба, интегрален ориз, спанаќ и супа.

Обидете се со зумба.

Скорпија

Ретко се одлучуваат за диета, но кога ја практикуваат, се принципиелни и не отстапуваат од правилата. Обично се многу посветени на работата, па често ги прескокнуваат оброците во првиот дел од денот, што е нивната најголема грешка. Во диетата мора да воведат задолжителен и обилен појадок, а во остатокот од исхраната повеќе целер и брокула. За брзо заситување им се препорачува посно сирење.

Орбитрек и броење калории.

Стрелец

Треба добро да се помачат за да ослабнат. Тешко им одолеваат на грицките и на сувомеснатите производи. За нивната диета да биде успешна, неопходно е да внесуваат што повеќе витамин Ц, лук и свежи салати. Тешко ќе ги симнат килограмите без вежбање, бидејќи нивните одрекувања од одредени задоволства се премали.

Планинарење, пешачење и броење на калориите.

Јарец

Припадниците на овој знак се како Девиците. Тие се премногу дисциплинирани, самите го одредуваат периодот во кој се „опуштаат“, но и периодот после тоа предвиден за слабеење. Прашањето за идеалната тежина за нов подразбира здравје, а најдобро е во исхраната да внесат супа од зеленчук, туна и обилни свежи салати. Нивни најголеми непријатели се тестенините и калоричните сосови.

Фитнес или пешачење.

Водолија

Немаат проблем со посебниот режим на исхрана, но имаат проблем со рутината. Не сакаат однапред да планираат, да купуваат намирници и да комбинираат јадења. Чипсот и алкохолот треба да ги заборават на подолго време. Бидејќи не поминуваат премногу време дома, не ни јадат многу, а ако се здебелат тоа значи дека станува збор за погрешни намирници. Интензивните тренинзи брзо ќе им дадат елан за слабеење.

Фитнес или тенис.

Риби

Знаат да се прејадат, а за нив најдобриот начин да отпочнат диета е детоксикација со чаеви, зеленчук, овошје и со посно месо. После една недела „ресетирање“ на организмот и отфрлање на насобраните токсини, треба постепено и во мали количини да внесуваат јаглехидрати од кои најмногу се дебелат. Тешко може да издржат диета до крај, а добрата работа е што најчесто истовремено слабеат со партнерот или со некој пријател како поддршка.

Пливање, јога, трчање и никако не смеете да јадете шеќер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk